Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Исчезната без трага

Шеви Стивенс  




Оригинален наслов на книгата : Still missing
ИСБН : 978-608-4672-11-1
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Сакам Книги
Прегледaна: 12490 пати
Коментари вкупно: 9
Број на страни: 350
Димензии : 21х13
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Едно топло летно утро, кога Ени - триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини - го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.  

Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени... 

Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние - заедно со неа - почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности. 

Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици... 

„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена... Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика...“


Оценка од корисниците

5 звезди

21

4 ѕвезди

2

3 звезди

1

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4,8
24

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

07.03.2017 14:45:55   Sonja Gjurevska напиша

Специфична книга која не се заборава.
15.10.2016 14:13:09   Слаѓан Бишковски напиша

Navistina e posebna i interesna do samiot kraj!
24.02.2014 16:50:37   nadica iloska напиша

Kniga sto nema da mozete da ja ostavite! Fantasticna
В© Copyright 2012 by iVote