Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Педесет нијанси сиво

Е. Л. Џејмс  




Оригинален наслов на книгата : Fifty shades of grey
ИСБН : 978-608-208-205-9
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Топер
Прегледaна: 17346 пати
Коментари вкупно: 20
Број на страни: 495
Димензии : 20cm
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Книгата која го заведе целиот свет!

Проверете зошто целиот свет ја изгуби главата заради еден еротски роман.

 

Младата апсолвентка по книжевност, Анастасија Стил, мисли дека има проблеми. Таа е ситна, со нескротлива коса, срамежлива и сѐ уште девица. Вози искршена буба и за една недела ги полага финалните испити на факултет. Ѝ треба време за да учи, ама покрај сето ова е приморана да ја замени својата цимерка, прекрасната Кејт, уредник на студентскиот магазин, која има лоша настинка, да оди во Сиетел за да го интервјуира младиот милионер Кристијан Греј.

Лута на Кејт, на себе и на светот оди на закажаното интервју, потполно неподготвена. Влегува во импозантната канцеларија на г. Греј, се сопка и му паѓа право в раце. Уште од првиот допир осеќа електричен шок. А г. Греј е млад, успешен, секси, арогантен и пребогат.

Интервјуто почнува, а Анастасија иако неподготвена и срамежлива, успева во рок од петнаесет минути да го насмее, изнервира и да го шармира г. Греј. Си заминува за Портланд со мислите на учењето.

Во наредните денови г. Греј е секаде каде што е таа, дури доаѓа каде што работи и купува разен асортиман на јажиња...

Ана е шокирана, сите ѝ велат дека богатиот ерген е тука заради неа и да ја искористи оваа прилика. Но Кристијан постојано ја предупредува дека не е за неа.

Не можејќи веќе да издржи го приморува да ѝ каже зошто не е за неа. И тука почнува вистинската приказна, кога Кејт ќе види дека таа и всушност немала никакви проблеми пред да го запознае г. Греј кој не дозволува никој да го допре.

Тој е Доминант. Сака сексуално потчинети партнерки и сака сексуално да ја потчини Ана. Ѝ ја покажува својата Црвена соба на болка и задоволство и очекува таа да избега како од ѓавол. Но, Ана секогаш успева да го изненади. Не бега од него, не го осудува. Кристијан ѝ дава избор, да потпишe договор со правила и да му стане потчинета или слободно да си замине... A Ана, не прифаќа ни едно ни друго, туку му ја дава својата невиност. Шокирајќи го до неверување.



Оценка од корисниците

5 звезди

15

4 ѕвезди

4

3 звезди

6

2 ѕвезди

4

1 ѕвезда

7

Просечна оценка
3,4
36

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

21.01.2014 23:41:36   Anonymous напиша

Книга што ке ви го промени погледот кон животот! Колку и да е нереална сликата што ќе ја створите за совршен маж и совршена жена што совршено се совпаѓаат толку повеќе ќе посакате тоа да се случува токму сега и пред вас додека читате!
01.12.2012 11:59:34   Илина Самарџиева напиша

Книгата е бедна - џабе фамата, ова како во Македонија со Дитас што беше, е баш исто.
07.11.2012 23:07:10   Anonymous напиша

Knigata e stvarno super, a krajot na tretata kniga ke go napravi celoto citanje na triologijata isplatlivo :)
© Copyright 2012 by iVote