Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Скриена во најмрачниот агол

Елизабет Хејнс  




Оригинален наслов на книгата : Into the darkest corner
ИСБН : 978-608-4672-13-5
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Сакам Книги
Прегледaна: 10151 пати
Коментари вкупно: 4
Број на страни: 430
Димензии : 21х13
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Уште еден од хитовите на 2011/2012 година: Скриена во најмрачниот агол создаде илјадници обожаватели ширум светот, однесе неколку поважни награди и заслужено доби превод во 32 земји. Што е она што ги маѓепса читателите на оваа книга? 

Пред четири години... 
Кетрин Бејли премногу долго ужива во животот како слободна девојка за да може да препознае добар тип кој вреди да се задржи за конечно да се почне нешто сериозно. Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. А нејзините пријателки очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство. 

После четири години... 
Ли е зад решетки, а Кетрин - сега Кети - опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Но кога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ... до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор. До денот кога почнува да наоѓа преместени предмети низ својот стан... еден од старите трикови на Ли. Уверена дека тој е вратен, Кети се подготвува овој пат да се бори со демоните од своето минато. 

Делумно драма, делумно романса, делумно морничав, опсесивен трилер - оваа книга ќе ви зададе тешка задача доколку сакате да ја оставите сред читање. Иако почнуваме да ја читаме со прилично добра претстава за тоа што се случува според описот на задната корица, книгата паралелно раскажува за двете времиња: пред четири години и после четири години и ве влече да дознаете што се случувало во секој Божји ден. Ли е шармантен и прекрасен, дури и читателите се вљубуваат во него, дали има шанси тој навистина да е така агресивен и посесивен како што се очекува или можеби Кетрин е онаа која го губи умот поради траумите во животот и навистина не заслужува човек да ѝ верува. 

Kнигата е голема, околу 430 страници, но нема да ви биде здодевно, ќе прелетате низ страниците и нема да бидете разочарани на крајот. Како што вели авторката на прашањата на крајот од оваа книга, ликовите продолжуваат да живеат и после книгата, само што читателите повеќе не се во можност да ѕиркаат во нивните животи... 

Па, оваа книга е MUST READ за 2012 година!


Оценка од корисниците

5 звезди

17

4 ѕвезди

1

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4,9
18

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

25.10.2016 14:24:50   Слаѓан Бишковски напиша

Super e :)
16.09.2015 22:30:33   Anonymous напиша

Super e knigata
12.01.2014 09:51:02   Andriana Gruevska Popovska напиша

Супер трилер, опсесивен, напнат и интересен до самиот крај.
В© Copyright 2012 by iVote