Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Се гледаме на врвот

Коста Петров  




Оригинален наслов на книгата : Се гледаме на врвот
ИСБН : 978-608-230-118-1
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Издавачки центар ТРИ
Прегледaна: 17505 пати
Коментари вкупно: 7
Број на страни: 176
Димензии : 125х195
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот.

А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големите можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија.

Се гледаме на врвот е книга за сите оние што веруваат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“
Јагода Михајловска-Георгиева, писател


Оценка од корисниците

5 звезди

47

4 ѕвезди

1

3 звезди

0

2 ѕвезди

1

1 ѕвезда

5

Просечна оценка
4,6
54

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

04.06.2016 17:24:04   Anonymous напиша

Како што вели Ryan Gosling во The Big Short: "What's that I smell? Is it your cologne? No, it's bullshit."
16.07.2014 03:46:32   Oliver Krstanoski напиша

Одлична книга, респект Коста.
12.09.2013 22:46:24   Иво Митрушев напиша

Секоја чест за Коста! Нè охрабри сите нас!
В© Copyright 2012 by iVote