Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Тајната на сопругот

Лиен Мориарти  




Оригинален наслов на книгата : The husband's secret
ИСБН : 978-608-4672-27-2
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Сакам Книги
Прегледaна: 11317 пати
Коментари вкупно: 3
Број на страни: 360
Димензии : 21x13
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано... 

Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов... 

Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна - нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу... жив. 

Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг. 

Сите ние имаме тајни, но не како оваа.... 

Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.


Оценка од корисниците

5 звезди

14

4 ѕвезди

1

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4,9
15

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

18.10.2016 19:44:53   Слаѓан Бишковски напиша

Dobra kniga :)
23.01.2015 17:44:22   Фросина Трајковиќ напиша

Интересна до последен збор. Да си ја прочитате :)
11.12.2013 14:02:28   Anonymous напиша

Одлична мистерија. Ја препорачувам од срце.
В© Copyright 2012 by iVote