Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Очудувања 1/2

Антологија раскази  




Оригинален наслов на книгата : Очудувања 1/2
ИСБН : 978-608-4718-84-0
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Бегемот
Прегледaна: 139 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 155
Димензии : 185x120
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

101 година откако Виктор Шклов­ски го воведе поимот „очудување“ (остранение) во мислата за книжевноста, определувајќи го како скршнување од автоматизмот на рецепцијата на книжевниот текст преку постапка на создавање особено, необично видување на неговиот предмет. Наместо вообичаеното приближување на „значе­њето“ до сознанието на читателот, поетиката на очудувањето повикува предметот што уметникот го промислува да се претстави небаре првпат виден. Се работи за раскин со култот на авторската приземност заради освежување на уметничкиот текст. Определбата на поимот е дескриптивна и не ја заклучува постапката во фиксни рамки: на располагање е неограничен спектар наративни зафати преку кои може да се постигне очудување.
Цело столетие од освестувањето (ословувањето) на раскажувачкото очудување, го свртуваме погледот кон она што денес на македонската книжевна сцена може да го понесе тој епитет. Распишувајќи го првиот конкурс „Очудувања“, сакавме да ги препознаеме и да им дадеме поддршка и публицитет на што поголем број квалитетни македонски писатели кои ѝ се опираат на зачмаеноста, но и да откриеме нови смели пера, на кои би им отвориле можности за учество во македонскиот и во меѓународниот книжевен свет. Единствениот зададен критериум беше да се поднесуваат кратки прозни текстови напишани на македонски јазик. Иако очекувавме да добиеме пред сè кратки раскази, предвидовме простор и за прозни изрази кои се пресекуваат со соседните, па и со туѓи дискурзивни регистри. Всушност, таквите експерименти ги согледуваме како дел од проектот на очудувањето.

Првиот обид за свртување на завртката е пред вас. На конкурсот пристигнаа 49 кратки прозни текстови од триесет и еден автор, кај кои беа оценети стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата. Во првата збирка вклучивме текстови од дванаесет автори. Некои од нив се веќе етаблирани очудувачки гласови на македонската млада книжевна сцена, а други го привлекуваат вниманието кон себе со свежината и необичноста на својата творечка постапка. Стерилното око на традиционалниот суд – кој при сета своја непроникливост и претенциозност бара исполнување на химерични и едноставно некнижевни задачи (дидактичност, миметичност, задоволување национални интереси…) – веројатно би ги отфрлил ваквите плодови на слободното писмо. Нам ни причинува огромно задоволство што можеме да дофатиме дел од нив!

Андреј Јованчевски



Оценка од корисниците

5 звезди

2

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
2

Коментари од корисниците

Copyright 2012-2018 by iVote